• понеделник, 23 декември 2024

СДСМ: Намалена просечна плата за 1.000 денари

СДСМ: Намалена просечна плата за 1.000 денари

2 октомври 2024 

За прв пат по седум години во изминатите 100 дена граѓаните се соочија со непријатна реалност – платите почнаа да паѓаат, просечната плата се намали за цели 1.000 денари.

Ова е резултат на неуспешната економска политика на актуелната власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Власта не го исполни ниту ветувањето за минималната плата со што покажа дека не се грижи за работниците.

Наставниците и просветните работници, кои заслужуваат поддршка и признание, добија покачување од само 0,7%, наместо 12% кои требаше да се случат по планот на СДСМ.

Ова покажува целосна деградација на работниците и нивното достоинство, што не е само неприфатливо, туку и штетно за целокупното општество.

Додека платите паѓаат, стандардот на граѓаните се намалува.

Владата на Мицкоски не успеа да обезбеди заштита на граѓаните од високите цени. Мерките се задоцнети и без ефект, а интересот на трговците се чини дека е поважен од интересот на самите граѓани.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не исполнија ништо од големите ветувања. Ова е најнеспособната влада досега.

СДСМ 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

Остани поврзан