• недела, 26 јули 2026

СДСМ: Димитриевски зборува за „голем ЗНАМ“, а здружението веќе не постои

СДСМ: Димитриевски зборува за „голем ЗНАМ“, а здружението веќе не постои

Скопје, 19 јули 2026 

Максим Димитриевски денеска изјави дека „големите се плашат од голем ЗНАМ“. Ова е смешно. Голем ЗНАМ не постои. Постои само големо ништо и остаток од здружение кое Мицкоски го создаде и финансираше за да ја дели опозицијата, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално.

ЗНАМ во моментов е политичка мрша. Луѓето масовно го напуштаат, пратеници и советници си заминаа, а партијата повеќе не постои во вистинска смисла на зборот.  Она што остана се неколку луѓе кои се уште чекаат Мицкоски да им ги исплати тендерите за предавството врз СДСМ и за предавсвтото на сопствените гласачи.

Наместо да седат и да раскажуваат бајки за „нови луѓе“ и „голем ЗНАМ“, подобро ќе беше Максо и Борче да направеа нешто конкретно за граѓаните на Гостивар. 

Во Гостивар има сериозна епидемија, а тие наместо да помогнат, продолжуваат со политички театар. ЗНАМ беше проект на Мицкоски за ситнење на опозицијата. Сега кога проектот пропадна, остануваат само тендерите кои треба да се одработат. 

Тоа е целата „политика на нови луѓе“ - големо предавство на луѓе за тендери. Граѓаните веќе знаат дека ЗНАМ не е алтернатива. Тоа е сателит кој ја одработува својата задача и сега полека се гаси.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ