СДСМ: Владата нема ниту желба ниту знае како да ги регулира високите цени на производите
- СООПШТЕНИЕ - Последната епизода од сапуницата на Владата наречена „Есенска кошничка“ ни донесе нови изненадувања и потврда дека Владата апсолутно нема ниту концепт, но нема ни желба да ги намали цените на производите кои вртоглаво растат.
Скопје, 18 септември 2024
Последната епизода од сапуницата на Владата наречена „Есенска кошничка“ ни донесе нови изненадувања и потврда дека Владата апсолутно нема ниту концепт, но нема ни желба да ги намали цените на производите кои вртоглаво растат.
Намалувањето на маржите само на околу 100 производи не е никакво конкретно решение, ниту ќе има сериозен ефект на намалувањето на цените. После мачкањето очи на граѓаните со намалувањето на цените за фломастерите и моливите откако започна учебната година, ова е нова манипулација без никаков ефект кое има за цел само кратко да го смири гневот на јавноста.
СДСМ во време на сите кризи во изминатите години имаше конкретни и ефективни решенија. Цените беа намалувани за преку 500 производи за исхрана, но се држеа под контрола и цените на оснататите производи и на енергенсите. Ова е вистинска грижа и концепт за заштита на стандардот на граѓаните, а не половични решенија кои нема да имаат никаков ефект.
Ако Владата не знае, тогаш СДСМ ќе даде конректен предлог закон со кој проверено ќе заштедат сите граѓани и ќе се амортизира ценовниот шок, додека компаниите нема да сносат штети.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
_______________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото: МИА архива