• петок, 26 април 2024

Свитолина донираше за украинските деца

Свитолина донираше за украинските деца

Стразбур, 28 мај 2023 (МИА) – Најтрофејната украинска тенисерка на сите времиња Елина Свитолина, која во саботното финале ја совлада Русинката Ана Блинкова (6-2, 6-3) во финалето во Стразбур, одлучи сите пари заработени од освојувањето на својата прва ВТА титула откако стана мајка, да ги донира за помош на децата во Украина.

Триумфот во Стразбур, каде победи и во 2020 година, на Свитолина и донесе заработка од 29.760 евра.

„Сакам да ја поделам оваа енергија со мојата татковина Украина. Сите пари од наградата ќе бидат наменети за украинските деца на кои им се најпотребни во овие тешки моменти“, изјави 28-годишната Свитолина.

Свитолина се врати на тениските терени во октомври лани, откако минатиот април ја роди ќерката Скаи, првото дете во бракот со францускиот тенисер Гаи Моммфис, а на турнирот во Стразбур настапи со покана од организаторите и рангирана на 508 место на ВТА листата.

Украинката Свитолина во саботата стана четврта најниско рангирана тенисерка која триумфирала на ВТА турнир. ег/ссм/

ФОТО: Твитер

Остани поврзан