• четврток, 18 јули 2024

Светскиот ден на литературата за деца одбележан во Делчево

Светскиот ден на литературата за деца одбележан во Делчево
Делчево, 2 април 2021 (МИА) - Во Делчево денеска е одбележан Светскиот ден на литературата за деца. Активноста се реализираше на иницијатива на Јавната локална библиотека „Илинден“ која по повод значајниот датум во делчевската деветтолетка „Ванчо Прке“ подари книги со литература за деца за учениците од пониските одделенија.
-По повод 2 Април - Светскиот ден на литературата за деца, Јавната локална библиотека „Илинден“ на учениците од прво одделение од деветтолетката „Ванчо Прке“ им подари сликовници и боенки. Убаво е кога се дружиме со децата и кога уживаме во нивните убави и искрени насмевки, рече Петровска.
Од деветтолетката „Ванчо Прке“ заблагодарувајки се за донацијата, додадоа дека денеска е вистински ден кога сите вљубеници во пишаниот збор треба да се потсетат на книгите од детството.
-Денес се одбележува Светскиот ден на литературата за деца, а да се твори за децата е огромна одговорност. Денес слават и авторите и илустраторите на книгите за деца. Славиме и сите ние кои сакаме љубовта кон пишаниот збор да ја пренесеме на децата. Ова е одличен повод да се потсетиме на книгите од нашето детство, да купиме или изнајмиме книга за нашите најмали, додаде наставникот Соња Стојковска.
Од библиотеката најавија продолжување на соработката со Општинското основно училиште „Ванчо Прке“, како и повеќе вакви активности во иднина. вс/мд/

Остани поврзан