• сабота, 06 декември 2025

Света литургија во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица утре кај параклисот кај Женска плажа во Струга

Света литургија во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица утре кај параклисот кај Женска плажа во Струга

Струга, 27 август 2025 (МИА) -  Соборниот храм „Свети Ѓорѓи“ - Струга информира дека утре, на празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, света Божествена литургија ќе се одржи кај параклисот Воведение Богородично во близина на Женска плажа.

- Ве повикуваме сите заедно да ја прославиме Божјата Мајка, онака како што доликува на нејзините верни чеда. Оваа година нашата должност кон неа е уште поголема, бидејќи таа после долго време нѐ собра повторно онаму каде што со векови се прославувала таа како Богомајка и родителка на нашиот Господ, стои во информацијата на Соборниот храм.

Празничната утрена литургија, како што е најавено, ќе почне во 8  часот, а света Божествена литургија во 9 часот. сс/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан