• четврток, 07 ноември 2024

СБ на ОН ја отфрли руско-кинеската резолуција за комисиска истрага за експолозијата на Северен тек

СБ на ОН ја отфрли руско-кинеската резолуција за комисиска истрага за експолозијата на Северен тек

Њујорк, 28 март 2023 (МИА) - Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа не ја прифати руско-кинеската резолуција за формирање комисија која ќе ја истражува диверзијата на гасоводите „Северен тек“.

Резолуцијата беше поддржана од три членки на Советот за безбедност, никој не беше против, а 12 земји беа воздржани, јави Тасс.

За усвојување на резолуцијата беше неопходна поддршка од девет членки на Советот за безбедност.

Во моментов, Шведска, Данска и Германија спроведуваат свои истраги за минирањето и саботажата на двата гасоводи во Северно Море „Северен тек 1 “ и „Северен тек 2“.

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја, на седницата на Советот за безбедност изјави дека Москва сериозно се сомнева во транспарентноста на овие истраги. сд/

Остани поврзан