• сабота, 16 ноември 2024

Сајнц: Мојата желба за 2024 година е болид со кој ќе можам да победам

Сајнц: Мојата желба за 2024 година е болид со кој ќе можам да победам

Маранело, 25 декември 2023 (МИА) - Возачот на Ферари, Карлос Сајнц се надева дека во новата сезона ќе има на располагање болид зад чиј волан ќе може да се бори за победа на секоја трка.

- Во 2024 година сакам автомобил со кој можам да победам. Сакам да одам на секоја трка мислејќи дека можам да победам. Мојата главна мотивација е да станам светски шампион. И ако можам да го постигнам ова со Ферари, ќе биде уште подобро. Ова е она што треба да го пробаме во 2024 година. Ферари секогаш се првите кои воведуваат подобрувања. Победив една трка во 2022 година, една во 2023 година, да видиме дали ќе можам да освојам две во 2024 година. Тоа е целта, рече Сајнц.

Во сезоната 2023, Ферари го освои третото место во шампионатот за конструктори со 406 бодови. 

Сајнц заврши на седмото место во поединечна конкуренција на крајот на годината, со 200 поени. Неговиот тимски колега Шарл Леклер се најде на петтата позиција со 206 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан