• недела, 22 декември 2024

Саудиско МО: Се урна борбен авион Ф-15 поради технички дефект

Саудиско МО: Се урна борбен авион Ф-15 поради технички дефект
Ријад, 7 ноември 2022 (МИА) - Борбен авион Ф-15 на саудиските воздухопловни сили се урна поради технички дефект за време на тренинг мисија, соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Саудиска Арабија. Посадата од двајца членови безбедно се катапултираше. Авионот Ф-15 беше на тренинг мисија кај воздухопловната база „Крал Абдулазиз“, во источниот дел на земјата, информираше воен извор.
Во тек е истрагата за причините за техничкиот дефект што ја предизвика несреќата. бд/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан