Илир Мета останува во затворски притвор, Уставниот суд го отфрли барањето за промена на мерката
- Судот оценил дека мерката не е непропорционална и со мнозинство гласови одлучил да го отфрли барањето, што значи дека Мета останува во затворски притвор Во меѓувреме, Специјалниот суд против корупција и организиран криминал, го закажа за 27 април првото рочиште за случајот на Мета и четворица други обвинети.
Тирана, 8 април 2026 (МИА) - Уставниот суд денеска го отфрли барањето за промена на безбедносната мерка „затворски притвор“ за поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета.
Судот оценил дека мерката не е непропорционална и со мнозинство гласови одлучил да го отфрли барањето, што значи дека Мета останува во затворски притвор
Во меѓувреме, Специјалниот суд против корупција и организиран криминал, го закажа за 27 април првото рочиште за случајот на Мета и четворица други обвинети.
Илир Мета беше уапсен на 21 октомври 2024 година. Тој и неговата, сега, поранешна сопруга, Моника Криемади, се осомничени дека, во соработка со други државни функционери, ги злоупотребиле своите државни и политички позиции.
Според обвиненијата, тие се осомничени за фаворизирање на приватни компании и други активности со лобирање во САД и купување и продажба на станови во замена за добивање значителни суми пари, кои се обиделе да ги сокријат.
Специјалното обвинителство (СПАК) ја затвори истрагата на 28 јули и го испрати предметот на судење кон крајот на август.
Мета (57) шеф на албанската држава беше во периодот од 24 јули 2017 – 24 јули 2022 година. вт/ссм/
Фото: Мета Фејсбук