• петок, 22 ноември 2024

Санкционирани 367 возачи на мотоцикли, 11 мотоцикли одземени

Санкционирани 367 возачи на мотоцикли, 11 мотоцикли одземени
Скопје, 8 август 2022 (МИА) - МВР соопшти дека во периодот од 01.08.2022 до 07.08.2022 е спроведена засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 367 возачи. Од нив, 227 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Според МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. -Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР. мч/аа/

Остани поврзан