• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 17 возачи поради непрописно вградени фолии на стаклата на возилата

Санкционирани 17 возачи поради непрописно вградени фолии на стаклата на возилата
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 8 август до 14 август спровело акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата, како што посочуваат од МВР, се санкционирани 17 учесници во сообраќајот. - На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. рп/сп/

Остани поврзан