• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 141 возач поради непропуштање пешаци на пешачки премин

Санкционирани 141 возач поради непропуштање пешаци на пешачки премин
Скопје, 10 февруари 2022 (МИА) – Во акциска контрола на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи санкционира 141 возач, од кои 71 на територија на СВР Скопје и 26 на територија на СВР Тетово. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи при акциската контрола санкционирани се и 174 други видови на сообраќајни прекршоци. -Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, се наведува во соопштението.свс/са/

Остани поврзан