• петок, 04 октомври 2024

Салвини: Аеродромот во Милано ќе го носи името на Берлускони

Салвини: Аеродромот во Милано ќе го носи името на Берлускони

Рим, 6 јули 2024 (МИА) – Вицепремиерот на Италија Матео Салвини изјави дека аеродромот Малпенса во Милано ќе го носи името на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Салвини изјави дека Управниот одбор на италијанската Национална управа за цивилно воздухопловство ENAC вчера го одобрил барањето поднесено од регионот Ломбардија пред една година.

- Конечната одлука е на министерот за инфраструктура и сообраќај и јас сум подготвен да го ставам последниот потпис, со гордост и емоции, во спомен на мојот пријател Силвио, голем претприемач, голем Миланец и голем Италијанец, напиша Салвини на X. јт/

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан