• понеделник, 23 декември 2024

Арагчи од Бејрут вети „жестока одмазда“ доколку Израел го нападне Иран

Арагчи од Бејрут вети „жестока одмазда“ доколку Израел го нападне Иран

Бејрут, 4 октомври 2024 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска го предупреди Израел дека ќе следи жестока реакција доколку Иран биде нападнат.

 -Доколку израелскиот ентитет преземе каков било чекор или мерка против нас, нашата одмазда ќе биде посилна од претходната, рече Арагчи по состанокот со претседателот на либанскиот Парламент, Набих Бери, пренесоа американските медиуми.

Посетата на Арагчи на Бејрут доаѓа само три дена откако Иран истрела најмалку 180 проектили врз Израел.

Заменик-командантот на Револуционерната гарда, Али Фадави, претходно денеска изјави дека Иран ќе ги гаѓа израелските енергетски и гасни инсталации доколку Израел ја нападне земјата.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека ракетниот напад на Иран врз Израел, од пред три дена, е целосно легален и легитимен, додавајќи дека тоа е „минимална казна за запрепастувачките злосторства на Израел“.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан