• вторник, 05 ноември 2024

Османи на самит на франкофонијата во Франција: Косово е посветено на јакнењето на своите меѓународни позиции

Османи на самит на франкофонијата во Франција: Косово е посветено на јакнењето на своите меѓународни позиции

Приштина, 4 октомври 2024 (МИА) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по пристигнувањето денеска во француската престолнина, Париз, ја истакна посветеноста што Косово ја има за соработка со партнерите и јакнење на меѓународните позиции, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи, како што објави на социјалните мрежи, во Париз беше пречекана од францускиот претседател, Емануел Макрон и од генералната секретарка на Меѓународната организација на франкофонијата, Луиз Мушикивабо.

Косовската претседателка престојува во Франција на покана на Макрон, за да го претставува Косово на самитот на шефови на државите кои се дел од Меѓународната организација на франкофонијата.

„Косово останува секогаш посветено на соработката и јакнењето на своите меѓународни позиции“, напиша Османи.иа/

Остани поврзан