• среда, 18 декември 2024

Салах не е повикан во репрезентацијата на Египет за турнир во март

Салах не е повикан во репрезентацијата на Египет за турнир во март

Каиро, 10 март 2024 (МИА) - Мохамед Салах нема да игра за Египет на пријателските натпревари во март.

Фудбалерот на Ливерпул не е повикан во националниот тим за претстојните натпревари. Салах се соочува со здравствени проблеми и денешниот натпревар со Манчестер Сити во Премиер лигата го започна од клупата за резерви. Тој во игра влезе во 61. минута.

Репрезентацијата на Египет од 22 до 26 март ќе учествува на „Winsunited Cup“. Поканети на пријателскиот турнир кој ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати се и Хрватска, Нов Зеланд и Тунис. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан