Сакеларопулу и Пирц Мусар разговараа и за ЕУ перспективата на Западен Балкан
- Грција и Словенија се согласуваат за проширување на Европската унија со Западен Балкан, како и за пристапување на Украина, Молдавија и Грузија. Ние го поддржуваме ова и мислам дека ќе можеме да го дискутираме со Вас, истакна претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар на почетокот на средбата во Атина со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 8 април 2024 (МИА) – Грција и Словенија се согласуваат за проширување на Европската унија со Западен Балкан, како и за пристапување на Украина, Молдавија и Грузија. Ние го поддржуваме ова и мислам дека ќе можеме да го дискутираме со Вас, истакна претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар на почетокот на средбата во Атина со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.
Пирц Мусар денеска пристигна во дводневна официјална посета на Грција и беше примена од Сакеларопулу со која разговараа за низа теми од регионален и меѓународен интерес.
-Нашите земји, партнери во Европска Унија и сојузници во НАТО, ги прифаќаат заедничките европски вредности и принципи, а нашите билатерални односи постојано се зајакнуваат. Особено во актуелните критични околности, со контиунираната руска инвазија на Украина, разгорувањето на насилството на Блискиот Исток и нестабилната ситуација во Црвено Море, повеќе од кога било, императив е потребата од дијалог, почитување на меѓународното право и мирно решавање на споровите, истакна Сакеларопулу.
Претседателката на Словенија посочи дека со нејзината грчка колешка имаат две заеднички работи, истакнувајќи го фактот што двете земји имаат жени претседателки, но и претседателки што не припаѓаат на ниту една партија, и затоа можат „непристрасно да видат како стојат работите во внатрешната политика на земјите“.
Сакеларопулу и Пирц Мусар в среда заедно ќе присуствуваат и ќе се обратат на свеченото отворање на деветтиот Економскиот форум во Делфи. ср/ми/
Фото: Кабинет на грчката претседателка