• сабота, 13 јули 2024

САД и сопствениците на социјалните мрежи потпишаа меморандум против дистрибуција на синтетички дроги

САД и сопствениците на социјалните мрежи потпишаа меморандум против дистрибуција на синтетички дроги

Вашингтон, 12 јули 2024 (МИА) – САД потпишаа меморандум со сопствениците на некои од најголемите светски платформи за социјални медиуми, чија цел е да се спречи нивната употреба за дистрибуција на синтетички дроги.

Постојаната претставничка на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, истакна дека „технолошките компании имаат клучна улога, како во запирање на нелегалното производство, трговија и дистрибуција на синтетички дроги, така и во едукација на јавноста“.

Алијансата за спречување на штети од наркотици беше формирана со заеднички напори на Мисијата на САД во Обединетите нации и корпорациите Мета (сопственик на Фејсбук и ВацАп), Икс и Снап (сопственик на Снепчат). ми/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан