САД и Романија потпишаа Меморандум за разбирање против манипулација со информации
- Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и романската министерка за надворешни работи Луминица Одобеску потпишаа денеска меморандум за разбирање за зајакнување на соработката меѓу САД и Романија во борбата против манипулацијата со информациите на странските земји, соопшти Стејт департментот.
Вашингтон, 21 јуни 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и романската министерка за надворешни работи Луминица Одобеску потпишаа денеска меморандум за разбирање за зајакнување на соработката меѓу САД и Романија во борбата против манипулацијата со информациите на странските земји, соопшти Стејт департментот.
Во соопштението се истакнува дека манипулацијата со информации, која, како што се наведува, вклучува дезинформации и пропаганда, е транснационална безбедносна закана која може да создаде или искористи поделби во и меѓу земјите, да го загрози интегритетот на изборите и да ја поткопа довербата на јавноста во владата.
„Како знак на взаемно признавање на заканата со која се соочуваат, САД и Романија имаат намера да ја прошират билатералната соработка и да ги усогласат владините политики со петте клучни области на дејствување утврдени во Рамковната платформа на Стејт департментот за борба против манипулација со информации во странски земји“, се вели во соопштението. рп/
Фото: МИА архива