• сабота, 23 ноември 2024

САД/избори: Русија стои зад заканите со бомби што го нарушија гласањето во Џорџија, изјави државен претставник

САД/избори: Русија стои зад заканите со бомби што го нарушија гласањето во Џорџија, изјави државен претставник

Атланта, 5 ноември 2024 (МИА) - Серијата закани со бомби, поради кои две гласачки места во Џорџија денеска беа принудени привремено да го прекинат гласањето, потекнуваат од Русија, соопшти државниот секретар на Џорџија Бред Рафенспергер.

Дојавите за бомба, кои подоцна се покажаа како лажни, доведоа до привремено затворање на две гласачки места во округот Фултон. Рафенспергер, на прес-конференција изјави дека гласањето било одложено за половина час на овие локации додека се извршувала истрагата.

Рафенспергер на новинарите им објасни дека заканите биле утврдени дека потекнуваат од Русија, но не даде дополнителни детали за тоа како властите дошле до тој заклучок.

- Изгледа дека сакаат да прават проблеми, рече тој. - Тие не сакаат да имаме мирни, праведни и точни избори, изјави Рафенспергер и додаде дека целта на Русија е „да се обиде да ја дестабилизира Америка.“

- Знаете што? Ако обидот за дестабилизација на Америка е најдоброто што можат да го направат, тоа доволно кажува за нив, додаде тој.

ФБИ, исто така, денеска потврди дека заканите со бомби кон гласачките места во неколку држави „изгледаат како да потекнуваат од руски електронски домени“.

„Интегритетот на изборите е меѓу највисоките приоритети на ФБИ,“ соопштија од агенцијата. „Ќе продолжиме да соработуваме со нашите партнери на државно и локално ниво за да одговориме на секоја закана за нашите избори и да ги заштитиме нашите заедници додека Американците го користат своето право на глас.“

Во петокот, Џорџија објави дека над 4 милиони жители веќе гласале преку раното гласање или преку гласање по пошта. Оваа држава се смета за клучно бојно поле за потпретседателката Камала Харис и за поранешниот претседател Доналд Трамп на овие избори. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан