Намалени и замрзнати цените на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и хигиенските влошки
- Одлуката беше донесена минатата недела, а ќе биде во сила, како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, од 1 април до 31 мај 2023 година.
Скопје, 1 април 2023 (МИА) - Од денеска треба да почне примената на владината Одлука со која за 13 отсто се намалуваат и се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, хигиенските влошки, влажните марамчиња и пелените за деца и возрасни.
Одлуката беше донесена минатата недела, а ќе биде во сила, како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, од 1 април до 31 мај 2023 година.
-Намалувањето ќе биде 13 отсто од цените кои ги имале тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените за деца и возрасни (дајперси) и хигиенските влошки во трговијата на мало на 20 март годинава. Владата ја донесе оваа Одлука по предлог на Министерството за економија, согласно направените анализи и податоците од Царинската управа, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.
Претходно, со одлука на Владата, беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари. мч/са/