• сабота, 24 август 2024

Сè уште не е изгаснат пожарот во руското пристаниште „Кавказ“

Сè уште не е изгаснат пожарот во руското пристаниште „Кавказ“

Москва, 23 август 2024 (МИА) – Сè уште не е изгаснат пожарот во руското пристаниште „Кавказ“, преку кое се снабдуваат руските сили со гориво и оружје.

Претходно, украинската морнарица потврди дека во вчерашниот напад уништен е траект натоварен со цистерни со гориво.

„Кавказ“ е едно од најголемите руски пристаништа на Црното Море. Неговите услуги ги користат бродовите и за комерцијален извоз и за снабдување со гориво на Крим, незаконски анектиран од Русија во 2014 година. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан