• понеделник, 23 декември 2024

Рјабков: Русија чека прогласување на конечните резултати во САД

Рјабков: Русија чека прогласување на конечните резултати во САД
Москва, 10 ноември 2020 (МИА) - Русија чека објавување на конечните резултати од изборите во САД, а сите протоколарни чекори пред тоа би биле предвремени, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.
- Ние строго се придржуваме до сите внатрешни процедури што постојат во САД. Резултатите од изборите сè уште не се објавени. Според тоа, веруваме дека сите протоколарни чекори во врска со изборите во овој момент ќе бидат предвремени, рече Рјабков.
Претседателските избори во САД се одржаа на 3 ноември, а резултатите покажуваат дека победи демократот Џо Бајден. Актуелниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп тврди дека имало неправилности во пребројувањето на гласовите во клучните земји, поради што поднесе жалба до Врховниот суд. паг/

Остани поврзан