• вторник, 03 септември 2024

Рјабков: Преговорите со САД се во ќорсокак

Рјабков: Преговорите со САД се во ќорсокак

Москва, 13 јануари 2022 (МИА) - Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска порача дека американското отфрлање на клучните безбедносни барања на Москва ги води разговорите во ќорсокак, јавуваат руските агенции.

Рјабков изјави дека не гледа причина да се организира нова рунда преговори за безбедносни гаранции во блиска иднина, но дека дијалогот засега продолжува на различни фронтови.
Претходно официјален Кремљ даде оценка во врска со овонеделните безбедносни преговори меѓу Русија и САД и НАТО, опишувајќи ги како неуспешни и наведувајќи дека има несогласувања за суштински прашања. паг/
 

Остани поврзан