• понеделник, 23 декември 2024

Рјабков: Нема напредок во руско-американските односи

Рјабков: Нема напредок во руско-американските односи
Москва, 25 јуни 2020 (МИА) - Односите меѓу Москва и Вашингтон не напредуваа во ниту една област во последните години, со ретки исклучоци, а американските политичари не ја гледаат Русија како партнер, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на онлајн форумот „Примаков Ридингс“. - За жал, ние во основа не можеме да именуваме ниту едно поле на билатерални односи и пристап на Москва и Вашингтон кон меѓународните прашања, со ретки исклучоци, каде што е постигнат јасен и видлив напредок во последните години, рече Рјабков. Како што пренесува агенцијата ТАСС, рускиот дипломат вели дека тоа била единствената ситуација за време на подолг период на руско-американски или советско-американски односи. Според него, во моментот американските власти ја гледаат Русија како политички проблем и не разгледуваат можност за партнерство со Москва, дури и на минимална агенда. - За жал, нема сомнение дека Русија се смета за негативен фактор во американскиот домашен контекст, посочи Рјабков. паг/  

Остани поврзан