• недела, 28 април 2024

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Москва, 29 март 2024 (МИА) - Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање. паг/

Фото: Википедија

 

Остани поврзан