Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина
- Руските вооружени сили нападнаа воени аеродроми и складишта за оружје во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.
Moсква, 6 јануари 2025 (МИА) - Руските вооружени сили нападнаа воени аеродроми и складишта за оружје во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека во нападите е оштетена инфраструктурата на воените аеродроми, магацините за оружје, како и објекти за обука и лансирање на беспилотни летала.
Руските системи за противвоздушна одбрана, како што се истакнува, собориле наведувана бомба „Хамер“ од француско производство, 12 американски ракети „Химарс“ и 115 беспилотни летала. рп/
Фото: ЕПА