• вторник, 18 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Русија напредува во јужна Украина

Русија напредува во јужна Украина

Москва, 17 март 2025 (МИА) - Руските сили напредуваа денеска во јужна Украина и ги пробија украинските линии на помалку од 50 километри од Запорожје, изјавија руски официјални претставници и воени блогери.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руски војници го зазеле селото Степове во областа Запорожје.

Јуриј Подољака, еден од повлијателните проруски блогери, објави дека го зазеле и соседното село Мали Шчербаки.

„Нашите сили ги пробија одбранбените линии во правец на Запорожје“, изјави Подољака.

Русија вчера се обиде да ги истисне последните украински војници од западна Русија, седум месеци откако Украинците ја нападнаа областа Курск. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан