• сабота, 21 декември 2024

Русија соопшти дека „петте“ нуклеарни сили ќе се сретнат наскоро во Њујорк

Русија соопшти дека „петте“ нуклеарни сили ќе се сретнат наскоро во Њујорк

Москва, 10 октомври 2024 (МИА) - Групата од пет нуклеарни сили ќе одржи состанок во Њујорк во блиска иднина, јавија руските медиуми, повикувајќи се на изјава на заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

„Петте“ нуклеарни земји - Русија, САД, Кина, Франција и Велика Британија, се вооружени со нуклеарно оружје и се постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Рјабков не соопшти конкретен датум за средбата, ниту пак најави на кое ниво ќе бидат функционерите кои ќе учествуваат на состанокот. зш/

Остани поврзан