Русија се откажа од мораториумот за распоредување ракети со краток и среден дострел
Москва, 29 декември 2024 (МИА) - Русија ќе се откаже од предложениот мораториум за распоредување ракети со краток и среден дострел, откако САД почнаа да распоредуваат такво оружје, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Ја оценуваме ситуацијата врз основа на анализа на дестабилизирачките дејствија на САД и НАТО во стратешката сфера и соодветно на развојот на заканите што произлегуваат од тоа“, рече Лавров.
„Денес е јасно дека, на пример, нашиот мораториум за распоредување на ракети со краток и среден дострел повеќе не е практично одржлив и ќе мора да се напушти. САД арогантно ги игнорираа предупредувањата од Русија и Кина и распоредија оружје од оваа класа во различни региони во светот“.
Вашингтон се повлече од Договорот за нуклеарни сили со среден дострел во 2019 година.
Русија тогаш објави дека нема да распореди такво оружје освен ако тоа не го стори и Вашингтон. зш/