• понеделник, 23 декември 2024

Русија се заканува со „екстремно болен“ одговор на Западот

Русија се заканува со „екстремно болен“ одговор на Западот

Москва, 4 септември 2024 (МИА) - Руското Министерство за надворешни работи утрово ги предупреди Западот и Украина дека Москва веднаш ќе одговори во случај на напади на Украина со долг дострел на руска територија.

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека рускиот одговор би бил „исклучително болен“.

Таа, исто така, изјави дека Западот „треба да размисли за ризиците од понатамошна ескалација на конфликтот во Украина“ и дека западните политичари „губат контакт со реалноста“.ссм/

фото: архива

Остани поврзан