• понеделник, 23 декември 2024

Русија распишала потерница по шест странски новинари заради илегално ореминување на границата

Русија распишала потерница по шест странски новинари заради илегално ореминување на границата

Москва, 13 септември 2024 (МИА) - Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерници за апсење на шестмина новинари поради илегално преминување на руската граница за да известуваат од регионот Курск, откако украинските сили упаднаа таму.

Руската безбедносна служба ФСБ минатиот месец соопшти дека отворила кривична постапка против неколку новинари, вклучително и британски дописник на американската Си-Ен-Ен, известувач на германскиот Дојче веле, известувач на италијанскиот јавен радиодифузен сервис РАИ и тројца Украинци кои работат за телевизискиот канал 1+1.

Нивните новински куќи претходно соопштија дека нивните патувања за известување во регионот Курск биле легитимни.

Италијанското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во Рим за да „изрази изненадување од чудната одлука на Москва“ против новинарката на РАИ Стефани Батистини, напиша шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани на социјалната платформа Х.

Украинските сили го започнаа својот упад на 6 август и остануваат на руска територија и покрај руската контраофанзива која ги отфрлила на некои места.

 

Остани поврзан