• сабота, 09 ноември 2024

Русија предлага да се ревидира државната граница во Балтичкото Море кон Финска

Русија предлага да се ревидира државната граница во Балтичкото Море кон Финска

Москва, 22 мај 2024 (МИА) - Министерството за одбрана на Русија предложи ревизија на државната граница во руските територијални води во Балтичкото Море.

Во нацрт-уредбата од 21 мај објавена на федералниот портал на нацрт-регулаторни правни акти, Министерството предложи прилагодување на границата околу руските острови во источниот дел на Финскиот залив и околу Калининград, јавуваат руските агенции.

Како што е објаснето, за да се обезбеди безбедност на пловидбата, се предлага прилагодување и преобјавување на националните карти за поморска навигација во соодветна мера.

Наведено е и дека документот моментално е во фаза на подготовка.

Министерството за надворешни работи на Финска соопшти дека ги „разработува деталите“ по информациите за можна ревизија на поморските зони во Финскиот залив од страна на Русија, рече министерката Елина Валтонен.

Таа додаде дека Русија треба да ја почитува Конвенцијата на Обединетите нации за поморското право. паг/

Фото: МИА архива
 

 

 

Остани поврзан