• петок, 22 ноември 2024

Русија и Украина разменија воени заробеници

Русија и Украина разменија воени заробеници

Киев, 31 јануари 2024 (МИА) - Вкупно 207 заробени украински војници се вратија дома по договорот со Русија за размена на затвореници, соопшти денеска претседателот Володимир Зеленски.

„Нашите луѓе се дома“, напиша тој на апликацијата Телеграм.

Руското Министерство за одбрана, пак, информираше дека го комплетирало договорот за размена со Украина, според кој секоја страна добила назад по 195 војници. Министерството соопшти дека руски војници ќе бидат испратени во Москва за да добијат медицинска и психолошка помош.

Ова е прва ваква размена по падот на рускиот воен транспортен авион минатата недела, за кој Москва вели дека превезувал 65 украински војници пред планираната размена. Русија соопшти дека Украина го соборила авионот со проектил земја-воздух, при што загинале сите 74 лица во него. Украина ниту потврди ниту демантираше дека го соборила авионот и побара доказ кој бил во авионот. ссм/

фото: Икс

 

 

Остани поврзан