• недела, 23 јуни 2024

Русија ги предаде телата на 254 украински војници на Украина

Русија ги предаде телата на 254 украински војници на Украина

Киев, 14 јуни 2024 (МИА) - Русија денеска и ги предаде телата на 254 украински војници на Украина, јави ДПА, повикувајќи се на претставници на Киев.

Сликите што ја придружуваат изјавата, направени од координативниот центар за размена на воени заробеници меѓу двете земји, покажуваат неколку бели камиони на неименуван контролен пункт.

Украинските власти соопштија дека во постапката за предавање на телата се вклучени повеќе министерства и институции, како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Од овие 254 загинати украински војници, 221 се бореле во регионот на Доњецк, додека другите се убиени во Запорожје и Луганск. Не се споменуваше дали Украина за возврат ги врати телата на загинатите руски војници.

Украинските власти прецизираа дека војниците прво ќе бидат препознаени, а потоа ќе им бидат предадени на нивните семејства на погреб. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан