• вторник, 17 декември 2024

Романските обвинители отворија истрага за компјутерски криминал поврзан со изборите

Романските обвинители отворија истрага за компјутерски криминал поврзан со изборите

Букурешт, 6 декември 2024 (МИА) - Романската Дирекција за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT) отвори истрага за компјутерски криминал поврзан со претседателската кампања на Калин Георгеску, крајнодесничарски независен кандидат.

Според разузнавачките податоци презентирани на седница на Националниот совет за одбрана, Романија била мета на руски хибридни напади. 

„Како резултат на анализата на информациите од (декласифицираните) документи кои беа презентирани на седницата на Врховниот совет за национална одбрана на 28.11.2024 година, во врска со спроведувањето на изборниот процес за функцијата Претседател на Романија, обвинителите од Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам се самоупатуваат на истрага на следниве кривични дела: незаконски операции со информативни уреди или програми, обид за кривично дело со нарушување на функционирањето на информатичките системи и обид за нелегален пристап до информациски систем“, се наведува во соопштението на Управата за истраги за организиран криминал и тероризам.

DIICOT истакна дека моменталната фаза е само за собирање докази и не подразбира формулирање обвиненија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан