• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Романскиот претседателски кандидат Ласкони ги нарече своите сопартијци „предавници“, откако тие најавија дека ќе ја повлечат поддршката за неа

Романскиот претседателски кандидат Ласкони ги нарече своите сопартијци „предавници“, откако тие најавија дека ќе ја повлечат поддршката за неа

Букурешт, 9 април 2025 (МИА) - Претседателскиот кандидат и лидер на „Сојузот за спас на Романија“ Елена Ласкони своите сопартијци ги нарече „опортунистички предавници“ и „губитници“. 

-„Сојуз за спас на Романија“ и понатаму е партијата што ми е при срце, бидејќи верувам во нејзините вредности, во нејзините принципи. Тоа што видов грст опортунистички предавници не значи дека тие ја претставуваат ССР. РБС се состои од над 20.000 членови, на кои им верувам и на кои им благодарам. Многумина од нив ми пишуваат да не се повлекувам, да ја продолжам борбата, рече таа.

Нејзиниот коментар беше испровоциран од веста дека „Сојузот за спас на Романија“ ќе го поддржи Никусор Дан на претседателските избори. Конечната одлука ќе биде донесена утре на состанокот на Националниот политички комитет, соопшти денеска Националното биро на партијата.

-Ја зедов предвид денешната одлука на Националното биро. Националното биро, според статутот, нема овластување да именува кандидат, но Конгресот има. Да не заборавиме дека делегатите на Конгресот лани гласаа над 94-95 отсто, поддржувајќи ја мојата кандидатура за претседателските избори, објасни Елена Ласкони. Таа е децидна дека не се откажува од борбата и од кандидатурата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан