• вторник, 05 ноември 2024

РКЕ ќе носи нова одлука за цените на нафтените деривати

РКЕ ќе носи нова одлука за цените на нафтените деривати
Скопје, 4 август 2022 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи нова одлука за цените на нафтентите деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. -Предусловите се исполнтеи. РКЕ ќе донесе одлука за нови цени на нафтените деривати што ќе бидат на сила од полноќ, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов. Со последната одлука на РКЕ, донесена во понеделникот, малопроджната цена на дизелот се зголеми за 1,5 денари за литар, а на мазутот за 0,503 денари за килограм, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство се намали за половина денар по литар. Цените на бензините, пак, останаа исти. Со тоа ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) чини 95,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95  се продава за 95,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 98 денари, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) за 94 денари за литар, а мазутот по 53,343 денари за килограм.вј/са/  

Остани поврзан