Реџепи: Граѓаните на Чаир имаат шанса да стигнат до промената што ја чекаат долго време
- Претставниците на Движењето Беса вечерва се сретнаа со граѓаните на Чаир, каде изборната програма ја претстави кандидатот за градоначалник на Општина Чаир Кастриот Реџепи.
Скопје, 12 октомври 2021 (МИА) - Претставниците на Движењето Беса вечерва се сретнаа со граѓаните на Чаир, каде изборната програма ја претстави кандидатот за градоначалник на Општина Чаир Кастриот Реџепи.
Реџепи пред чаирчани истакна дека изработиле конкретни и реални проекти кои ќе го променат животот на жителите на Чаир и кои ќе се реализираат во првиот мандат и нема да побарат дополнителен мандат за истите проекти како и противниците.
- Граѓаните на Чаир имаат шанса да стигнат до промената што ја чекаат долго време. Тие ја сакаат промената, а ние нудиме можност, поддржувајќи не нас, давајќи го гласот без да ризикуваат дека ќе експериментираат како во минатото давајќи им го гласот на некој што не ја спроведе програмата, рече тој.
Реџепи на чаирчани им вети паркинзи, библиотека во Чаир, стимулирање училишен спорт, сала за борачи.
Билал Касами, претседател и кандидат на Движењето Беса за Општина Тетово рече дека има многу работи што им недостасуваат на Чаир и има многу проблеми со кои се соочуваат чаирчани, но,како што рече, она што го запечатува Чаир како една општина, како едно гето е и она што се случува со Чаир со владеењето на ДУИ изминативе години.
- Ви гарантирам дека првите сигнали дека Чаир е една од развиените општини на Град Скопје ќе биде дека со Кастриот за четири години во Чаир ќе дојдат амбасади и дипломатски претставништва. И кога го велам ова, повторно го кажувам со целосна увереност, бидејќи Кастриот со сето знаење што го има, со неговите врските со меѓународни претставници и со својата работа ќе направи од Чаир место каде што ќе доаѓаат и амбасади и дипломатски претставништва, рече тој.
Арјанит Хоџа, генерален секретар и шеф на изборниот штаб на Движењето Беса истакна дека од гласачите бараат само една можност - да докажат дека политиката е и треба да биде само во служба на граѓаните. Да покажат, дополни, дека тие не се никој друг освен луѓето што преземаат одговорност да работат чесно, со знаење, со енергија за нашата земја да ја направиме во дом на економска благосостојба.фф/лв/