• понеделник, 23 декември 2024

Речиси 75 милиони евра конфискувани на раководството на Јувентус

Речиси 75 милиони евра конфискувани на раководството на Јувентус

Торино, 21 септември 2024 (МИА) - Судот во Торино одлучи да одземе речиси 75 милиони евра од сопственикот на Јувентус, Џон Елкан.

Станува збор за финансиски средства, движен и недвижен имот. Братот на Елкан, Лапо, неговата сестра Гинерва и претседателот на клубот Џанлука Фереро исто така се под истрага за „даночна измама“ и „измама на штета на државата“.

Семејството Елкан, наводно, го наследило имотот по смртта во 2019 година на нивната баба Марела Карачиоло, сопруга на поранешниот шеф на Фиат и поранешен сопственик на Јуве, Џани Ањели. 

Според адвокатите на Елкан, конфискацијата на имотот е стандардна постапка што не значи дека обвинетите се виновни.

-Потенцираме дека Марела Карачоло е жител на Швајцарија од раните 70-ти години, многу пред да се родат браќата Елкан. Нејзината желба да живее во Швајцарија беше непроменета“, се вели во соопштението на адвокатите, кои се „убедени дека можат да ја докажат невиноста на своите клиенти“. 

Јувентус по четири кола сезонава во Серија А има две победи и два нерешени натпревара. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан