• петок, 22 ноември 2024

Речиси двојно намален водостојот на Вардар кај Јегуновце

Речиси двојно намален водостојот на Вардар кај Јегуновце
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) – Водостојот на реката Вардар на мерното место кај Јегуновце е речиси двојно понизок во споредба со вчера, а на останатите три мерни места реката има исто или малку намалено ниво во однос на вчерашното. Според резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на поголем дел од реките во земјава е понизок од просекот за јули. Исклучок се реките Бабуна на мерното место кај Богомила, Брегалница кај Штип, Струмица кај Сушево и Црна Река кај Р.Б. Мост, каде нивото е повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Трите природни езера во земјава имаат ист водостој како вчера, но нивото на Преспанското Езеро е за 1,84 метри пониско од просечното. Водостојот на Охридското и Дојранското Езеро, пак, е повисок од просечниот и тоа за еден сантиметар кај Охридското, односно за 2,6 метри кај Дојранското Езеро.вј/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан