• недела, 22 декември 2024

Струмица и Карпош го напуштаат ЗЕЛС, за Перински и Ѓорѓиевски тоа не е решение

Струмица и Карпош го напуштаат ЗЕЛС, за Перински и Ѓорѓиевски тоа не е решение

Скопје, 25 октомври 2024 (МИА) – Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а тоа го најави и градоначалникот на Општина Карпош. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски се надева дека ќе надвладее разумот и градоначалниците на Струмица и Карпош ќе ја преиспитаат одлуката. Ваквиот потег, Министерот за локална самоуправа Златко Перински вели не е решение, и дека најмногу губат граѓаните.

Ѓорѓиевски, во изјава за медиумите вчера попладне, рече дека досега до ЗЕЛС нема стигнато официјално барање за излегување од ЗЕЛС, а потегот на двајцата градоначалници го оцени како несериозен затоа што, како што рече, едниот ја соопштил одлуката преку социјални медиуми, а другиот преку прес-конференција без претходно како претседател на ЗЕЛС да биде информиран. Според Ѓорѓиевски, одлуката за влегување или излегување од ЗЕЛС носи Советот на општината и ги повика Костадиновски и Јакимовски „да се вразуват и малку посериозно да погледнат на овие нивни потези“.

- За да се пристапи кон одредена изјава или одредени обвинувања, особено кон ЗЕЛС, треба претходно да се седне и да се разговара. Апелирам до двајцата колеги да се вразувам и малку посериозно

- Вратата од ЗЕЛС е отворена за сите, секој проблем се решава, доколку има интерес и доколку не се крие нешто друго во позадина на овој процес. Стојам на располагање како и досега за сите мои колеги, верувам дека разумно ќе постапат и верувам дека можеби ова е моментален начин на кој можеби сакаат и медиумски да добијат поголема достапност за одредени теми и поголема драма да направат, но длабоко сум уверен дека ќе размислат во интерес на граѓаните, рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека се обидел да стапи во контакт со градоначалникот на Струмица, но безуспешно, а со градоначалникот на Карпош стапил во контакт. Јакимовски, како што изјави Ѓорѓиевски, му кажал дека има проблеми со одредени министри, а на прашањето дали се обратил до ЗЕЛС за ова, одговорил дека мора некако да реагира затоа што има проблем со централната власт. 

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, вчера во изјава за медиумите, најави дека е можно Општина Карпош да ја напушти ЗЕЛС за што, како што нагласи, има многу причини. Јакимовски вели дека дел од министрите во Владата треба да го корегираат својот однос кон нив како градоначалници, или ќе го напуштат ЗЕЛС.

Кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевчо Јакимовски најави бесплатен превоз на граѓаните од населените места Трнодол, Жданец и Средно Нерези до булеварот „Партизански одреди“.

 

- ЗЕЛС ги премолчи сите притисоци што ги трпиме од министрите од оваа влада. Не сум прв пат градоначалник. Но, ова е невидено што го прават министрите од владата на Мицкоски. Не знам дали е по негова директива, или не е, но гледате што прават со градоначалникот на Струмица. Градоначалникот да имал чиста вода за пиење. Министерот си ја решил ситуацијата во земјоделието, па се фатил со детено „водата, па водата“. Наместо да му помогне како министер, видете тој што прави, рече Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош вели дека не се гласаат програми на негови колеги кои не се од партијата на претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, министерот за локална самоуправа молчи и поради тоа смета дека претседателот на ЗЕЛС не треба да биде од истата партија за да ги штити интересите на локалната самоуправа. Кажа дека Ѓорѓиевски го побарал да разговараат и дека ќе се сретнат бидејќи тој е за тоа.

За министерот за локална самоуправа Златко Перински, ваквиот потег на општините Струмица и Карпош, не е решение затоа што најмногу губат граѓаните.  Перински во изјава за МИА рече дека секоја најава за нарушување на единството на ЗЕЛС му штети и на ЗЕЛС и на сите општини.


 
- ЗЕЛС е единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа која што има мандат да ги застапува нивните интереси пред Владата. Добро е и во иднина да остане така. Ваквото однесување сериозно ја нарушува позицијата на ЗЕЛС, затоа што само единствен ЗЕЛС може да биде сериозен партнер на Владата во разговорите за унапредување на системот на локалната самоуправа и на развојот на општините, зад што оваа Влада застана многу отворено и јасно и преку конкретни решенија тоа веќе го потврдуваме, изјави Перински.

Од Општина Струмица вчера официјално соопштија дека се откажуваат од членството во Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а градоначалникот Костадин Костадинов дека ќе поднесе оставка на функцијата член на Управниот одбор. Напуштањето на ЗЕЛС, како што информираа, е во знак на револт заради индиферентниот однос кон Струмица и нејзините граѓани во периодот кога тие се соочуваат со еден од најголемите предизвици - водата за пиење, којашто претставува основен елемент на животот, но и заради истиот однос по одбивањето од Владата на единствениот проект од Струмица за реализација со средства од унгарскиот кредит, соопштија од локалната самоуправа откако претходно ваквата одлука ја најави градоначалникот Костадин Костадинов.

Сто дена заедно со мојот тим, општинската администрација и општинските јавни претпријатија работиме дисциплинирано, домаќински и вредно ги исполнуваме барањата и ветувањата кон граѓаните и ја

- ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е. Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните! Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа, напиша Костадинов на Фејсбук.

Во соопштението од Општина Струмица се вели дека како институција не е удостоена со ниедна писмена одлука од Владата и нејзините институции, а за нив дознавале од медиумите. Од Општина Струмица наведуваат дека според Статутот на ЗЕЛС, оваа заедница ги застапува и брани интересите на своите членови пред Претседателот на Републиката, Собранието и Владата, министерствата и други институции во чија надлежност се работите од областа на локалната самоуправа.

ЗЕЛС е непрофитна организација и единствена национална асоцијација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини и Градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа. Таа е основана на 26 април, 1972 година, датум, што во Статутот на ЗЕЛС е прогласен за Ден на општинитe. аа/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан