• сабота, 23 ноември 2024

Репортери без граници: Кина лани уапсила над 100 новинари

Репортери без граници: Кина лани уапсила над 100 новинари

 

Вашинтон, 5 мај 2023 (МИА) - Кина само минатата година уапсила повеќе од 100 новинари, повеќе од која било друга земја во светот, наведоа Репортери без граници (РСФ).

Владата на кинескиот претседател Си Џинпинг ја заостри контролата врз населението, а организацијата РСФ, која се занимава со заштита на слободата на медиумите, објави дека Кина е и еден од најголемите извозници на пропаганда.

Во извештајот на РСФ објавен пред два дена се наведува дека Кина е второпласирана во годишниот индекс за слобода на печатот, веднаш зад нејзиниот сосед Северна Кореја.

Владејачката Комунистичка партија на Кина ја заостри досегашната строга контрола на медиумите, кои се сите во државна сопственост.

Од интернет-страниците и социјалните мрежи во најнаселената земја во светот се бара да ги цензурираат содржините што го критикуваат или се спротивставуваат на владеењето на една партија.

Во извештајот на РСФ се оценува дека слободата на печатот во Кина е „во катастрофална состојба“ и дека кинескиот претседател Си Џинпинг води „крстоносна војна против новинарството“.

Пекинг ја спроведува најобемната контрола на интернетот во светот. Неговите филтри се обидуваат да ја спречат кинеската јавност да пристапи до веб-страниците што ги водат странски новински куќи, влади и групи за човекови права.

Кинеските новинари се кривично гонети под обвинение за шпионажа, оддавање државни тајни и предизвикување спорови во општеството, а државата ги малтретира, заплашува и угнетува, наведува РСФ. сд/

Остани поврзан