• четврток, 11 јули 2024

Реконструкција на улиците ”Баница” ,“Кратовска” и три крака на “Мариовска” во Кисела Вода

Реконструкција на улиците ”Баница” ,“Кратовска” и три крака на “Мариовска” во Кисела Вода

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Градежни активности за реконструкција на неколку сообраќајници се одвиваат во населбите Пржино и Црниче. Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски изврши увид на потегот со вкупна површина од 4800 квадратни метри кои ги опфаќа краците 1, 2 и 3 на улицата “Мариовска”, како и улиците ”Баница” и “Кратовска”, информираат од Општина Кисела Вода.

-Денеска започнуваме со градежен зафат за реконструкција на неколку улици во населбата Црниче, конкретно “Баница” и “Кратовска”, со површина од 3300 квадратни метри и крaците 1, 2 и 3 на Улицата “Мариовска” во Пржино, со опфат од околу 1500 квадратни метри. Повеќе од 30 години овие сообраќајници никој не ги реконструирал, што е евидентно од состојбата во која во моментов се наоѓаат. Јас, како градоначалник досега многупати имам кажано дека нема да има заборавени улици, заборавени населби и дека до крајот на мојот мандат сите улици бидат асфалтирани. Граѓаните се оние кои ми ја дадоа довербата која планирам целосно да ја оправдам, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Овој проект, додал тој, е уште една потврда на кажаното и уште еден чекор напред во обновата на патната инфраструктура на општина Кисела Вода. сст/aa/

Фото: Општина Кисела Вода

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан