Реконструирани дел од улиците во пробиштипското село Злетово
- Заврши реконструкцијата на улиците во село Злетово во Општина Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска информираше дека во патната инфраструктура во ова населено место се вложени 5,6 милиони денари.
Пробиштип, 14 јули 2025 (МИА) - Заврши реконструкцијата на улиците во село Злетово во Општина Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска информираше дека во патната инфраструктура во ова населено место се вложени 5,6 милиони денари.
-Со завршување на проектот за Рехабилитација на улици од Десетски гумна до горна маала во Злетово, ова населено место добива значително подобрени услови во сообраќајот, особено поради фреквентноста на оваа улица. Општина Пробиштип за овој проект издвои 5.6 милиони денари, а изведувач на работите е Емрах Интертранс дооел од Зелениково, вели Анастасов.
Тој посочува дека претходно беше и асфалтирана улицата покрај Здравствениот дом.
-Општина Пробиштип продолжува да работи за подобра инфраструктура и подобри услови за сите граѓани, рече Анастасов.вдј/
Фото: Општина Пробиштип