• понеделник, 23 декември 2024

Регистрирани 521 случај на КОВИД-19, починати се три лица

Регистрирани 521 случај на КОВИД-19, починати се три лица
Скопје, 17 август 2022 (МИА) - Во изминатите 24 часа направени се 1.231 тестирање, а регистрирани се 521 случај на КОВИД-19, од кои 120 се реинфекции. Оздравени се 485 пациенти, а пријавени се три починати лица. Во моментов активни се 3.595 случаи на КОВИД-19 во земјава, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Од новозаболените, најголем број се во Скопје-201, од Битола – 36, Куманово – 28, Охрид – 27, Кавдарци – 23, Велес – 19, Кочани – 17, Штип и Гевгелија – по 13, Прилеп, Тетово и Струмица – по 12, Ресен – 11, Струга и Делчево – по 10, Неготино – 9, Гостивар – 8, Кичево и Радовиш – по 7, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 6, Свети Николе и Виница – по 5, Дебар и Богданци – по 4, Валандово, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Македонски Брод и Демир Капија – по 1. Регистрирани се 485 оздравени пациенти од: Скопје – 187, Битола – 35, Тетово – 31, Куманово – 27, Кавадарци – 22, Гостивар – 20, Кочани и Прилеп – по 18, Кичево – 17, Велес, Штип и Струмица – по 16, Ресен – 10, Берово – 9, Неготино – 8, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Делчево – 4, Демир Хисар – 3, Крива Паланка, Кратово, Богданци и Пробиштип – по 2, Струга,Радовиш, Виница, Пехчево, Македонски Брод, Демир Капија и Крушево – по 1. Во изминатите 24 часа се пријавени две починат лица од Скопје (78г) и Струга(48г). Двете лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Кичево (74г),починато во болнички услови. Лицето е пријавено за починато на 5 август 2022 година. Досега во земјата се направени вкупно 2.139.217 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.560, бројот на оздравени пациенти е 323.536, на починати е 9.429. ки/са/

Остани поврзан