• петок, 22 ноември 2024

Регистрирани серија земјотреси од епицентралното подрачје Преспа

Регистрирани серија земјотреси од епицентралното подрачје Преспа

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) - Серија земјотреси кои потекнуваат од епицентралното подрачје Преспа, од кои три се почувствувани од страна на граѓаните, регистрирааше во изминатото деноноќие Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Првиот земјотрес бил регистриран во 00:32 часот, со епицентар 120 километри јужно од Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

- Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Вториот земјотрес е регистриран во 1:31 часот, со епицентар 124 километри југозападно од Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML3.3, а со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Третиот земjотрес е во 1:33 часот, со епицентар 123 километри југозапдно од Скопје. Тој бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 и интензитет од два - три степени според Европската макросеизмичка скала. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан