• петок, 22 ноември 2024

Регионалните центри за управување со кризи на Струмица, Радовиш и Гевгелија информираат за состојбата со пожарите

Регионалните центри за управување со кризи на Струмица, Радовиш и Гевгелија информираат за состојбата со пожарите

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) – Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава информираше за состојбата со пожарите кај Баделен и Велуса, во Струмичко, кај Конче и Штурово, во Радовишко, како и за пожарот кај Кованец, во Гевгелиско.

Како што пренесуваат од ЦУК, Регионалниот ЦУК Струмица известил дека пожарите кај Баделен и Велуса немаат активно горење, но по тројца пожарникари со по едно теренско возило и припадници на полицијата го контролираат теренот. 

Од ЦУК додаваат дека Регионалниот ЦУК Радовиш известил дека пожарот кај Конче нема активно горење и сите луѓе се повлечени, додека пак, кај пожарот во Штурово присутни се петмина пожарникари и 15 војници кои го контролираат теренот.

Пожарот кај Кованец, во Гевгелиско нема активно горење, информираат од ЦУК. ра/цр

Фото: МИА арива

 

Остани поврзан