• петок, 22 ноември 2024

Регионална медиумска конференција на Европската недела на мобилност

Регионална медиумска конференција на Европската недела на мобилност
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Главни градови и општини од Западен Балкан се вклучуваат во кампањата „Европска недела на мобилност 2022“ – Регионална медиумска конференција на Европската недела на мобилност. Кампањата е организирана во 35 градови и општини од Западен Балкан во која се вклучени јавни институции, невладини организации, академски институции и граѓани. Сите активности вклучуваат промовирање на јавен превоз, возење велосипед, пешачење и други форми на одржлива мобилност. На денешниот онлајн настан претставници на главните градови и општините од пет земји од Западен Балкан ги најавија активностите на Европската недела на мобилност. Годишната тема на ЕНМ 2022 „Подобри врски“ се стреми да ги нагласи и поттикне синергиите меѓу луѓето и местата кои ја нудат својата експертиза, креативност и посветеност на подигање на свеста за одржлива мобилност и промовирање на промени во однесувањето во корист на активна мобилност, како и воспоставување на врски помеѓу постоечките и новите засегнати страни. Дополнително, на настанот беа презентирани повеќе информации за кампањата во рамките на ЕНМ на ниво на ЕУ од Хуан Кабаљеро, менаџер на кампањата на ЕНМ, Брисел, Хуан Кабаљеро даде општ преглед на активностите по повод ЕНМ на ниво на ЕУ. Слоганот на ЕНМ за 2022 година е: „Помешај и премести“ и оваа година за учество има пријавено 2.071 градови од 41 земја. Европската недела на мобилност е водечка кампања на Европската комисија за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност. Промовира промена во однесувањето во корист на активна мобилност, јавен превоз и други чисти, паметнитранспортни решенија. Главниот настан се одржува од 16 до 22 септември секоја година, а кулминира со популарниот Ден без автомобили.свс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан